Вардар доби директно место во групите од ЛШ – познати и дел од конкурентите (ФОТО)

Европската ракометна федерација ги објави деталите пред ждрепката за новата сезона во Лигата на шампионите. Вкупно 35 тима се пријавени за 28 места во групите А и Б, односно Ц и Д.

Шампионот Вардар добива директно место во групите заедно со уште 19 екипи, додека останатите осум тима ќе бидат познати кога ќе биде јасно кои од 15 пријавени за вајлд карта ќе добијат место.

Иако според ЕХФ овие 20 пријавени клубови, што се шампиони на своите земји, не значи дека ќе добијат директно место во групите, сепак јасно дека само екипи од типот на исландскиот Селфос би можеле да извисат, додека сите други веќе биле дел од групите.

Доколку повеќе од осум тима добијат вајлд карти ќе има дополнителни квалификациски турнири. Лигата на шампионите започнува на 14 или 15 септември, додека ждрепката е на 27 јуни.

Екипи со директно место во групна фаза:
Mешков Брест
Загреб
Алборг
Барселона
Кокс
ПСЖ
Фленсбург
Веспрем
Селфос
Вардар
Елверум
Келце
Порто
Динамо Букурешт
Чеховски Медведи
Целје
Кадетен Шафхаузен
Татран Прешов
Бешикташ
Мотор Запорожје