Вардар доби германски судии и делегат од Шведска за мечот против Загреб во Арена

Првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите меѓу екипите на ППД Загреб и Вардар ќе се одигра на 23 март од 20:30 часот во Арената во Загреб, а веќе е познато кои ќе бидат арбитрите и делегатот за овој натпревар.

На теренот ќе бидат добро познатите судии од Германија, Ларс Гајпел и Маркус Хелбиг кои досега многупати имаат судено и на Вардар и на репрезентацијата на Македонија.

Делегатот доаѓа од Шведска. Се работи за Петер Олсон, кој во минатото заедно со Петер Хансон беше дел од една од најдобрите судиски двојки во светот. Тие заедно со Драган и Марјан Начевски во тоа време важеа за најдобрите судии и во Европа и во светот.

За реваншот меѓу Вардар и ППД Загреб кој се игра на 30 март од 19:30 часот во СЦ „Јане Сандански“ засега нема одредено судии, но и тоа ќе биде сигурно за неколку дена.