Вардар деветти, а Металург четиринаесетти најпопуларен клуб на социјалните медиуми

Европската ракометна федерација (ЕХФ) ја објави листата на најпопуларните ракометни клубови на социјалните мрежи , а меѓу нив се најдоа и двата македонски претставници- Вардар и Металург. Бројките на оваа листа се заклучно до 1 мај 2018 година, а во пресметките влегуваат слебениците на Facebook, Twitter, Google+, Youtube, Instagram, Foursquare, Linkedin,Periscope и Pinterest.

Актуелниот македонски и европски шампион Вардар со бројка од 137.930 илјади се наоѓа на деветтото место по популарност и бројка на следбеници на социјалните мрежи. Вториот македонски претставник -Металург се наоѓа пет места подоле на 14 позиција со 90.971 илјади следбеници.

Најпопуларен ракометен клуб на социјалните медиуми е Барселона со вкупна бројка од 4.715.938 следбеници, а веднаш зад неа се наоѓа ПСЖ со 1.341. 186 следбеници.

Во продолжение можете да ја погледнете листата на дваесетте  најпопуларни ракометни клубови на социјалните мрежи.