Вардар го претстави второто засилување

Шампионот на Македонија претстави уште еден ракометар за новата сезона, а тоа е играч на позицијата лев бек кој доаѓа од Унгарија. Практично се работи за враќање во екипата на Сергеј Горбок кој после настапите на Пик Сегед сега повторно ќе биде дел од составот на Вардар.

300x250

Тој е вториот ракометар кој доаѓа  во таборот на „црвено-црните“ и кој е официјално објавен од клубот после Словенецот Сташ Скубе.

Горбок потпиша договор на две години и ќе биде дел од Вардар до јуни во 2020 година, а ќе биде конкуренција за позицијата лев бек каде во моментов е Вуко Борозан. Тој беше дел од Вардар во сезоните 2014/15 и 2015/16, а за две сезони постигна 104 година и двапати играше четврт-финале во Лигатга на шампионите.