Вардар ги фрлаше во очај Пасквал, Сердарушиќ, Гисласон….. кој е следен? (ФОТО)

Ракометарите на Вардар со победата на гостувањето во Германија уште еднаш потвртдија дека се специјализираа за победи во последите секунди,и тоа во оние големите натпревари.

Фаворитите започнаа да го чуствуваат убиствениот Вардар веќе на Ф4 турнирот минатата година кога најпрво Барселона во полуфиналето, а потоа и ПСЖ во финалниот натпревар беа фрлени на колена буквално со последниот удар кон противничкиот гол.

Оваа година вардарци  малку подранија со егзекуцијата во последните секунди па Кил веќе во првиот четвртфинален дуел почуствува како е да се загуби на типично германски начин.

После секој триумф радоста на Раул Гонзалес и неговите пулени беше неизмерна, но затоа пак ракометарите и тренерите на спротивната страна беа во класичен нокдаун, не знаејќи што им се случило.

Во продолжение погледнете ги “фаците” на тренерите и ракометарите на кои Вардар им го загорчи животот.

Се започна на полуфиналниот натпревар од Ф4 турнирот во Келн кога Лука Циндриќ со гол во последната секунда ги сруши сите надежи за финале на големата Барселона.

Продолжи во големото финале против суперѕвездинте од Париз, кога Иван Чупиќ со погодокот во последната секунда покажа дека парите не се мерило за тоа која екипа ќе се искачи на европскиот ракометен врв. Ликот  на Нока Сердарушиќ по шампионскиот гол на Чупиќ говори многу повеќе од илјада зборови..

И секако најновиот во колекцијата “шокирани од Вардар” е тренерот на Кил, Алфред Гисласон. Хорхе Македа со погодокот директно од аут во последната секунда го фрли Гисласон во очај..

 

Кој е следен на репертоарот?