Вардар ги исфрустрира во Монпелје: Патрис Канаје е разочаран и деморализиран

Ракометарите на Вардар вчера одиграа одличен натпревар и успеаја да дојдат до два бода на гостувањето кај Монпелје покажувајќи дека во моментов имаат подобра тактика на средите од Лигата на шампионите.

Победата за одличен старт на сезоната е добредојдена за кревање на мотивацијата и желбата за надигрување и секако ќе биде одлично за продолжението од сезоната. Вардар покажа квалитет и демонстрираше голема желба за надигрување така што сето она што беше видено на теренот го потврди и тренерот на Монпелје, Патрис Канаје.

„Поразот од Вардар не разочара. Ова беше фрустрирачки за нас, но дефинитивно победата на Вардар е потполно легитимна. Едноставно беа подобри од нас и целосно заслужија да победат на овој натпревар. Беа подобри во секој сегмент од играта, а ние имавме проблеми со реализацијата. Направивме грешки во финишот, а тоа го покажуваат и 13 изгубени топки што е премног за ваков напревар. Одбраната на Вардар беше навистина силна, а ние напаѓавме на места каде што никаков не смеевме да го направиме тоа“, призна стратегот на актуелниот освојувач на Лигата на шампионите.

Инаку, Вардар после овој меч во вторник има дуел од СЕХА-лигата против Стеауа, а потоа веќе в сабота ќе има пресметка против составот на Кристијанштад во Лигата на шампионите.