Вардар во Стразбург на генералка за новата сезона

Ракометарите на Вардар после сработените подоготовки во Словенија, а потоа и турнирот во Германија и Супер купот на Македонија генералката за новата сезона ќе ја имаат на турнирот во Стразбург во Франција.

300x250

Силната проверка ќе биде од четврток до недела, а според распоредот Вардар своите средби ќе ги одигра в петок и в сабота. Првиот меч е планиран да биде игран в петок против тимот на ПСЖ, тим со кој ќе имаат силна пресметка. Тоа ќе биде и прво надигрување на Вардар против поранешниот тренер, а воедно и прва пресметка меѓу селекторот на Македонија и неговиот помошник.

В сабота за ривал ќе го имаат составот на Мешков Брест, а ова е добро познат противник, кој во новата сезона влегува со далеку поголеми амбиции. Затоа и овој дуел во зависност од пласманот кој ќе биде остварен в недела ќе бидат одиграни натпреварите за пласман.

Во другата група се составите на Нант, Монпелје и Веспрем, па ова ќе биде одличен турнир на кој ќе има неколку Македонци.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ

ЧЕТВРТОК, 23 АВГУСТ

18:15ч

ПСЖ – Мешков Брест

20:30ч

Нант – Монпелје

ПЕТОК, 24 АВГУСТ

18:15ч

Нант – Веспрем

20:30ч

ПСЖ – Вардар

САБОТА, 25 АВГУСТ

18:15ч

Вардар – Мешков Брест

20:30ч

Монпелје – Веспрем