Вардар во „очите на ЕХФ“: Може ли и третпат да го освои Келн?

Новата мисија за ракометарите на Вардар во Лигата на шампионите стартува од сабота кога во Франција кај Монпелје исто како и минатата година ќе тргне со натпреварите. За разлика од лани улогите се изменети бидејќи сега Вардар е тимот кој ја брани титулата, а Монпелје е шампионот од претходната година.

Во оваа сезона Вардар влегува со нов тренер, а на клупата е Давид Писонеро кој ќе има тешка задача да го вкомпонира тимот, кој претрпе многу измени и да го донесе на нивото од лани за да може да тргне во одбрана на круната.

Три работи се максимално важни во оваа сезона, а практично тоа се три прашања кои ќе треба да бидат одговорени позитивно за да се успее во намерата и да се дојде до круната.

Може ли новиот тренер Писонеро да биде третиот Шпанец што ќе освои титула со Вардар?

-Давид Жозе Писонеро го презема Вардар како трет Шпанец во низа по Раул Гонзалес и Роберто Парондо кои го водеа тимот до титулата во Лига на шампионите во 2017 и 2019 година. Вистинскиот предизвик за поранешниот тренер ќе почне веќе во групната фаза кога Вардар ќе се сретне со старите познаници Веспрем, Келце и Монпелје.

Како ќе се справи Вардар со заминувањето на клучните играчи од минатата сезона?

-Девет играчи го напуштија составот од минатата сезона. Меѓу нив се и Дејан Милосављев и Игор Карачиќ. Со текот на годините Карачиќ се наметна како главен столб на тимот, а дебитантот Дејан Милосављев сезоната ја заврши како ѕвезда помеѓу стативите на голот на Вардар.

Со неколкуте засилувања, Вардар ги потполни позициите кои беа изпразнети со заминувањата, а новиот тренер Писонеро е убеден дека новите играчи брзо ќе се вклопат во неговиот систем на работа и игра.

Може ли Вардар да стигне во Келн четврта година по ред?

Како бранител на титулата Вардар има цел да ја зачува својата позиција во европската елита.

„Ние ја браниме титулата, па годинава ќе биде многу тешка за нас. Бевме во оваа позиција и претходно, и треба да се однесуваме како шампиони во секој меч и тоа не е лесно. Наша цел како и секогаш е пласман на завршниот турнир во Келн. Ако се пласирате таму секогаш постои шанса да ја освоите Лигата на шампионите“, вели капитенот на Вардар, Стојанче Стоилов.