Вардар ви нуди несекојдневна можност: Сликајте се со пехарот од Лигата на шампионите

Голем број навивачи и симпатизери на Вардар изразија желба да добијат можност да се фотографираат со пехарот што „црвено-црните “ по вторпат го освоија во Келн на Ф4 турнирот во Лигата на шампионите.

Вардар е еден од најуспешните ракометни клуби во Европа и во три настапи на Ф4 турнирот во Келн годинава по вторпат стана европски првак.

Токму за тоа европскиот првак организира „Отворен ден” и на сите фанови ќе им овозможи во периодот од 19 до 26 јуни да се фотографираат со пехарот освоен во Келн, во периодот од 15:00 до 20:00 часот.

Пехарот ќе биде во изложен во внатрешниот дел на СЦ „Јане Сандански“ веднаш штом се влезе низ главниот влез на големата сала.