Вардарци VS каталонци во вечерниот термин на Ф4

Откако беше извршена ждрепката со која беа одредени полуфиналните двојки на Ф4 во Лигата на шампионите, Европската ракометна федерација ги одреди и термините во кои ќе се играат двата интересни меча во Келн.

Македонскиот шампион Вардар ќе игра против Барселона во вториот полуфинален натпревар во сабота на 3 јуни во „Ланксес Арена“ со почеток од 18 часот. Унгарскиот Веспрем и дрим-тимот на ПСЖ ќе соочат истиот ден на истото место, но во попладневниот термин од 15:15 часот.

Во истите термини ќе се играат двата натпревари и на финалниот ден. Во 15:15 е дуелот за третото место, додека во 18 мечот ќе го започнат двата тима што ќе се борат за европската титула.