Вардарци ја одработија домашната задача, на ред е Европа (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Со победата од 38-25 вардарци започнаа да го гравираат новиот трофеј во македонското национално првенство. Актуелниот шампион покажа дека лошата игра од Автокоманда и двата гола негатива се само лош ден, а реномето и класата која ја покажа во ракометна Европа само се преслика во спортскиот центар „Јане Сандански“ каде „црвено-црните“ доминираа речиси во целиот натпревар. До потврда на 11та титула ги делат уште четири рутински кола, а потоа ќе се насочат кон најважниот настан за оваа сезона Фајнл Фор турнирот во Келн.

Како изгледаше реванш натпреварот меѓу Вардар и Металург кој требаше да ја врати старата слава на некогаш едно од најизедначените ракометни дерби натпревари на Балканот, можете да погледнете преку објективот на Кочо Сотировски.