Вардарци утре на пресметка со новиот тим на Мијајло Марсениќ

Поразот од тимот на Хамбург го однесе Вардар во мечот број 2 кој ќе се игра утре од 14:45 часот на Хајде купот. Вардар доби тежок ривал и ќе мора да ги одмери силите со составот на Фуксе Берлин кој денеска го надигра Кристијанштад.

Фуксе Берлин е тимот каде игра Мијајло Марсениќ, па ова ќе биде пресметка на Вардар со поранешниот вардарец и ќе биде секако интересно да се види како ќе се одвиваат работите на оваа средба.

Ова ќе биде интересен и возбудлив дуел на кој се очекува вардарци да покажат подобра игра од она што денеска го демонстрираа против Хамбург кога имаа навистина лоша реализација во нападот особено во второто полувреме.

ХАЈДЕ-КУП 2018

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРВ ДЕН

ЛАПЦИГ – МОНПЕЛЈЕ   20:29

ФУКСЕ БЕРЛИН – КРИСТИЈАНШТАД      29:26

ВАРДАР – ХАМБУРГ      25:31

ДВОЈКИ ЗА САБОТА (11 АВГУСТ)

12:15ч

МОНПЕЛЈЕ – КРИСТИЈАНШТАД

14:45ч

ФУКСЕ БЕРЛИН – ВАРДАР

17:30ч

ХАМБУРГ – ЛАЈПЦИГ