Вардарци се сопственици на нов рекорд во СЕХА-лигата

Ракометарите на Вардар утревечер од 20:15 часот ќе го пречекаат тимот на Железничар од Ниш во 2. коло од СЕХА-лигата. Средбата се игра во СЦ „Јане Сандански“ каде се очекува вардарци да се изборат за вториот триумф сезонава.

Претстои интересна средба во која Вардар е фаворит за победата, а ова ќе биде шанса за подобрување на рекордот кој е во сопственост на „црвено-црните“. Вардар има 27 натпревари во серија на кои нема пораз и оваа серија датира уште од 13 декември во 2016 година.

Од овој датум вардарци имаат само едно реми и тоа против составот на Мешков Брест на гостување со 25:25. Последен тим кој може да се пофали дека ги совладал вардарци беше ППД Загреб.

Втората серија ја има Веспрем, кој има 25 меча без пораз, а шансите Вардар да ја зголеми серијата и да се стигне барем до 30 средби продолжуваат. Инаку, Вардар лани заврши со 17 победи во регуларниот дел. Покрај тоа додаде и две победи на Ф4-турниро кој се одигра во СЦ „Јане Сандански“.

Колку за потсетување, Вардар е сопственик и на рекордот според бројот на освоени трофеи во Лигата на шампионите. Има вкупно четири титули во досегашните седум сезони.