Вардарци против Германци и во мечот за 3. место на Хајде купот

Ракометарите на Вардар после поразот во 1. коло и вчерашната победа над Фуксе Берлин денеска ќе имаат уште еднаш ривал од Германија на Хајде купот и ќе играат за 3. место.

Според резултатите тоа требаше да биде Фуксе Берлин, но после договор меѓу тимовите беше одлучено Фуксе да ги одмери силите со Монпелје, а Вардар со Лајпциг за да не дојде до повторување на пресметки со оглед на тоа што и вардарци веќе играа со Фуксе Берлин, но и Лајпциг со Монпелје.

Мечот на Вардар денеска е втор на програмата, а почетокот е закажан за 13:15 часот.

ХАЈДЕ КУП 2018

РЕЗУЛТАТИ ОД ВТОРИОТ ДЕН

МОНПЕЛЈЕ – КРИСТИЈАНШТАД       31:25

ФУКСЕ БЕРЛИН – ВАРДАР     24:32

ХАМБУРГ – ЛАЈПЦИГ 18:37

МЕЧ ЗА 5. МЕСТО

10:30ч

ХАМБУРГ – КРИСТИЈАНШТАД

МЕЧ ЗА 3. МЕСТО

13:15ч

ВАРДАР – ЛАЈПЦИГ

ФИНАЛЕ

16:00ч

МОНПЕЛЈЕ – ФУКСЕ БЕРЛИН