Вардарци повторно со најубави голови, но на врвот е пируетата на Порт за која долго ќе се зборува (ВИДЕО)

Монпелје го заврши својот настап во Лигата на шампионите, но за погодокот на Валентин Порт уште долго ќе се зборува. Во клучните натпревари од Лигата на шампионите преовладуваа атраткивни потези зачинети со бројни цепелини, дури три од нив влегоа во изборот за најдобар гол, торпедото на Вуко Борозан истотака го пронајде своето место и на врвот се најде атрактивната пируета на Валентин Порт.

Вардарци во овој избор за најдобар гол конкурираат со два атрактивни обиди, едниот е цепелинот на релација Карачиќ-Душебаев, додека другиот е силниот удар на Вуко Борозан над главата на голманот Андерсон. Најдобрите пет погодоци за последното четвртфинално коло можете да ги погледнете тука.