Вардарци немоќни против Мешков, утре против Кире во битка за 5. место

После вчерашната одлична игра против ПСЖ и обезбеденото реми, ракометарите на Вардар денеска не успеаја да го повторат истото ниво и да дојдат до уште еден добар резултат. Вардарци претрпеа пораз од Мешков Брест со 22:32 и на тој начин останаа последни во групата.

300x250

Уште на почетокот на средбата се виде дека ова ќе биде тежок натпревар. Првите неколку минути беа израмнети, а потоа Мешков почна постепено да зголемува. Беше тешко да се следи таквиот ритам без тројца клучни играчи, па противникот од Белорусија лесно дојде до пет гола предност на одморот од 8:13.

Во вториот дел уште од стартот Мешков Брест наметна силно темпо. Почна постојано да го зголемува водството и беше јасно дека ќе биде тешко да се направи нешто повеќе на овој дуел. Играта одеше во корист на тимот од Белорусија, кој до крајот стигна до десет гола разлика.

Конечните 22:32 покажаа едно сосема поинакво лице на „црвено-црните“, кои исто како и на турнирот во Германија играат топло-ладно.

Утре од 13 часот, Вардар ќе игра против Нант во битката за 5. место.