Вардарци доминираат во СЕХА: После Војводиќ и Вуко Борозан со најубав погодок (ВИДЕО)

Левиот бек во редовите на Вардар, Вуко Борозан го има најубавиот гол во СЕХА-лигата. Тој доби најмногу гласови и имаше дури трипати повеќе од своите колеги кои се најдоа во топ 5.

Со ова Вардар уште еднаш има играч кој постигнува најубав гол во едно коло од оваа сезона бидејќи во претходното Јања Војводиќ беше стрелец на најубавиот погодок.