Вардарци го одржаа првиот тренинг во Келн (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Ракометарите на Вардар пристигнаа први во Келн, сместувањето и аклиматизацијата поминаа од дневниот ред, па дојде време и за првиот тренинг во пресрет на полуфиналниот дуел со Монпелје.

Вардарци видно расположени се упатија кон салата за тренинг која се наоѓа во близина на “Ланксес” арената каде ќе се успробуваат на дело тактичките замисли на тренерот Гонзалез.

Монпелје е далеку од наивен противник, па ништо не смее да биде оставено на случајноста. Актуелниот европски првак посакува нова титула, а за да се дојде до неа секако мора да се смисли само француски рецепт.

24-05-2018 vardar prv trening

Натпреварот против Монпелје се игра во сабота со почеток од 18:00 часот.