Вардарци во својата сала ќе му гостуваат на Металург во СЕХА

Стартот на сезоната во СЕХА-лигата е предвиден за 28 август, а ден подоцна Металург ќе биде домаќин на Вардар во дербито на првото коло.

300x250

Сезоната ќе стартува со македонското дерби што е веќе вообичаено, а јасно е и тоа дека овој натпревар нема да се игра во салата „Борис Трајковски“ каде Металург досега вообичаено ги играше средбите на домашен терен.

Металурзите овој пат ќе го пречекаат Вардар во СЦ „Јане Сандански“, па практично вардарци ќе биде гости во својата сала. Ова е нова релација во односите меѓу двете екипи кои од годинава одлучија да си помагаат и секако тоа може да биде добро за македонскиот ракомет.

Инаку, покрај промена на салата во која ќе се игра натпреварот дојде до промена и на терминот за одигрување на средбата. Место во 17:15 часот како што беше најавено одново се враќа терминот 20:45 часот.