Тренерско деби за Парондо против Хамбург

Шампионот на Македонија од денеска се наоѓа во Германија каде до недела ќе одигра четири натпревари. Турнирот во Шевердингер за вардарци почнува со натпреварот против Хамбург кој треба да се одигра денеска од 20:15 часот.

Се работи за Хајде купот на кој Вардар денеска ќе се бори за победа за да може потоа да влезе во трка за добар пласман на крајот.

Според системот за одигрување на натпреварите следните два противници ќе бидат познати вечерва откако ќе бидат одиграни трите средби. Турнирот почна со пресметката меѓу Лајпциг и Монпелје, додека во вториот дуел ќе се сретнат Фуксе Берлин и Кристијанштад.

Доколку Вардар успее да победи денеска тогаш утре ќе игра против поразениот од пресметката меѓу Лајпциг и Монпелје, додека ако загуби ривалот ќе биде победникот од натпреварот меѓу Фуксе Берлин и Кристијанштад.