Вардаровите навивачи веќе се подготвуваат за добропознатото -AUF WIEDERSEHEN! (ВИДЕО)

Еден германски тим веќе почуствува како е кога Ф4 турнирот во Келн треба да го визираш во пеколната “Јане Сандански” арена. Минатата сезона Фленсбург беше екипата која буквално беше оддувана од Вардар во четвртфиналето на ЕХФ Лигата на шампионите. Најпрво “црвено-црните” во Германија славеа со 24-26, а на реваншот во Скопје во една фанатична атмосфера која ја приредија вардаровите навивачи Фленсбург беше испратен за Германија со високи 35-27 и познатото Auf Wiedersehen.
Нешто слично се очекува и оваа година. Повторно за противник имаме германски тим, и тоа не било кој, туку германската ракометна икона, Кил. Вардар славеше на првиот меч во Германија со 28-29, а навивачите веќе се напалени за реваншот каде се очекува вистинска експлозија на емоции и заверка на вториот фајнл-фор турнир во низа.
Задачата ќе биде далеку од лесна, а се лажат сите оние кои мислат дека се е веќе решено. Германците се германци и играат до последната секунда. Едно е сигурно. Кил во Скопје го очекува вистински навивачки пекол, Вардар ќе ја има најголемата поддршка, а за крај би било одлично повторно во СЦ”Јане Сандански” да ечи добро познатото Auf Wiedersehen. Овојпат наменето за екипата на Кил..