Вардарки ја чекаат ждрепката од прв шешир, имаат отворен пат до нов Ф4 (ФОТО)

Европскиот вицепрвак Вардар, очекувано од првиот шешир ќе ја чека ждрепката за новата сезона во Лигата на шампионите. „Црвено-црните“ дами се во друштво на шампионот Ѓер, потоа Будуќност, како и ЧСМ Букурешт.

Во вториот шешир се годинава засилениот Ростов Дон, кој веројатно ќе биде добро да се избегне во првата фаза, ослабените Ларвик и Никобинг, како и францускиот Мец, со кој Вардар има непријатно искуство од лани.

Во третиот шешир германскиот првак Битегхајм, потоа унгарскиот ФТЦ, како и скоро банкротираниот Митјиланд, и словенечкиот Крим Меркатор, додека во последниот шешир се францускиот Брест Бретања, полската Вистал Гдиња и двата квалификанти.

Вардарки практично ќе имаат отворен пат кон ново, петто по ред учество на Ф4 во Будимпшта, бидејќи освен екипите од прв шешир и уште една-две од другите шешир, практично и ќе немаат вистинска конкуренција. Ждрепката ќе се одржи на 30 јуни во Љубљана.