Вардарки супериорни против Овче Поле

Младите ракометарки на Вардар имаа неверојатен натпревар на гостувањето во Свети Николе и потсетија на нивните колешки кои во последните години доминираа во домашното натпреварување.

300x250

Вардарки доминираа во сите 60 минути против Овче Поле што се гледа и од конечните 42:6 и секако од резултатот и на полувреме, 19:2.

На ракометарките од Свети Николе им беше тешко да се снајдат на теренот и да дојдат до повеќе погодоци, а вардарки ја користеа секоја можност после добрата одбрана да казнат и да стигнат до гол повеќе. Постојано го полнеа голот, па тоа беше шанса за повеќето да се запишат во листата на стрелците.

ОВЧЕ ПОЛЕ СУ – ВАРДАР            6:42 (2:19)

Сала: „Цар Самоил“ во Свети Николе. Гледачи: 200. Судии: Рубин Седлоски и Горан Ангелески од Прилеп. Делегат: Илија Цветкоски од Прилеп.

ОВЧЕ ПОЛЕ: Ристова, Манева 2, Велковска, Павловска, Костова 1, Јанева, Димчева, Вучевска 2, Сентовска 1, Ристовска, Лазаревска, Мицевска.

Седмерци: 0/3, Исклучувања: 2 мин.

ВАРДАР: Грујовска, Илиќ, Диневска 9, Седлоска 4, Ангеловска 7, Џатевска, Дамјановска 1, Гроздановска 1, Гоцевска, Коларовска 1, Миновска 4, Костовиќ, Ѓеоргиевска 1, Петковска 7, Божиновска 2, Јаковчевска 5.

Седмерци: 2/2, Исклучувања: 2 мин.