Вардарки со перфектен биланс дојдоа до нова круна

Три дена после Ф4 турнирот во Будимпешта ракометарките на Вардар го одработија и последниот меч во првенството на кој го совладаат тимот на Металург со 49:24.

На средба на која се знаеше сè уште пред почетокот неизвесноста беше кој ќе биде конечниот резултат со кој ќе финишира овој дуел. Вардар беше во постојана предност, а првиот дел го реши со 23:13.

Во вториот дел од средбата работите само беа комплетирани, па вардарки дојдоа до уште поубедлива предност и на крајот финишираа со дури 25 гола разлика.

Теодора Керамичиева со 12 гола беше најефикасна на овој дуел, додека Јована Саздовска и Сара Ристовска реализираа по 11 погодоци. Кај Металург, Ана Марија Божиновска постигна најмногу голоци. Средбата ја заврши со шест погодока.

ВАРДАР – МЕТАЛУРГ   49:24 (23:13)

Сала: СЦ „Јане Сандански“ во Скопје. Гледачи: 100. Судии: Марија Илиева и Силвана Карбеска од Скопје. Делегат: Камер Металари од Скопје.

ВАРДАР: Мицевска, Суслина, Саздовска 11, Бајрамоска 2, Керамичиева 12, Хмирова, Петровиќ 8, Гичевска 5, Ристовска 11.

Седмерци: – , Исклучувања: 4 мин.

МЕТАЛУРГ: Илјаз, Кркачева, Паскал, Владева, Божиновска 6, Тасевска 3, Смајлоска 2, Арсениевска 1, Дамчевска, Калајџиевска, Граматова 5, Георгиевска 2, Ристовска, Стефановска 3, Гајиќ 2, Брунчевиќ.

Седмерци: 1/4, Исклучувања: