Вардарки против Ростов Дон ќе бркаат финале во Будимпешта

Ракометарките на Вардар го избегнаа актуелниот шампион Ѓер во полуфиналето од Лигата на шампионите, но ќе треба да ги одмерат силите со екипата на Ростов Дон што значи дека го обегнуваат и дуелот со ЧСМ Букурешт.

300x250

Вардарки во минатите две години се соочуваа со ЧСМ Букурешт тим кој во 2016 година ја освои титулата во Лигата на шампионите. Минатата година беа подобри од овој клуб во полуфиналето, но потоа загубија од Ѓер.

Ждрепката посака во полуфиналето да се сретнат минатогодишните финалисти, па јасно е дека тоа ќе биде одличен дуел. Ѓер и ЧСМ Букурешт играа и во иста група во втората фаза сезонава така што ќе биде максимално возбудливо.

Од друга страна Ростов Дон сезонава покажа дека е квалитетен тим и Вардар ќе има сериозна задача за да стигне до место во финалето. Сепак, со оглед на квалитетот на другите два тима ова беше најдобрата ждрепка за Вардар, па „црвено-црните“ добија ривал со кој може да се надеваат на финале.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ – ЖЕНИ

ДВОЈКИ ЗА ПОЛУФИНАЛЕ

ЧСМ БУКУРЕШТ – ЃЕР

РОСТОВ ДОН – ВАРДАР