Вардарки против познати ривали, патот до Будимпешта е отворен

Ракометарките на Вардар ги добија противниците во групната фаза од Лигата на шампионите за следната сезона, во која ќе го имаат петтиот обид да ја освојат престижната титула. Македонските шампионки ќе имаат познато друштво и ќе играат во групата Ц.

Поранешната вардарка Тамара Мавсар на своите поранешни соиграчи им ги додели тимовите на Ларвик, кој следната сезона нема да има високи амбиции и ќе биде со подмладен тим, потоа незгодниот унгарски вицепрвак Ференцварош, како и победникот од квалификацискиот турнир 2, каде што организатор е Турингер, кој е главен фаворит за пласман во ЛШ.

Групата со која вкрстуваат вардарки, Д,  исто така е полесна во однос на групите А и Б, па слободно може да се каже дека европскиот вицепрвак има отворен пат до Будимпешта и дека нема да има проблеми да го избори своето петто учество на завршиот турнир.

Група А
ЧСМ Букурешт
Никобинг
Крим
Вистал Гдиња

Група Б
Ѓер
Ростов
Митјиланд
Брест Бретања

Група Ц
Вардар
Ларвик
ФТЦ
победник на квалификациски турнир 2 (Турингер, Хорс, Атлетико, Хипо)

Група Д
Будуќност
Мец
Битигхајм
побендик на квалификациски турнир 1 (Подравка, Кристијансанд, Кастамону, Гомел)

Термини за играње натпревари во групната фаза:
1 коло: 6-8 октомври 2017
2 коло: 13-15 октомври 2017
3 коло: 20-22 октомври 2017
4 коло: 3-5 ноември 2017
5 коло: 10-12 ноември 2017
6 коло: 17-19 ноември 2017