Вардарки против Крим го чекаат крунисување во Регионалната лига

Вчерашниот триумф над екипата на Будуќност ја најави перфектната сезона на Вардар во Регионалната лига па денеска ракометарките на првакот на Македонија го играат последниот меч против Крим. Средбата стартува од 17 часот, а нормално се очекува триумф на овој дуел.

300x250

Вардарки влегуваат како фаворитки и тука нема што посебно да се најавува и да се зборува за очекувањата. Без разлика кој ќе биде составот со кој Вардар ќе настапи на последниот дуел сезонава во Регионалната лига се очекува триумф и продолжување на одличните резултати.

Колку за потсетување Вардар во оваа сезона има само еден пораз во сите натпреварувања. Загуби само во вториот круг во групната фаза на гостувањето кај Мец, а имаше и еден нерешен резултат во Регионалната лига на домашен терен против Будуќност. Сите други натпревари беа решени со победа, па и сега се очекува истото.

Од 17 часот почнува последниот натпревар за „црвено-црните“ во оваа лига сезонава, а потоа ќе следува крунисувањето на ракометарките за постигнатото.