Вардарки претплатени на „педесетки“, победуваат убедливо и со 8 ракометарки

По победата над ФТЦ во Лигата на шампионите, и оние над Овче Поле и Куманово, ракометарките на Вардар победија и четврти пат за седум дена, откако прославија убедлив триумф од 40 голови разлика, на гостувањето во Прилеп, кај Деспина со 11:51.

Вардарки на трет натпревар по ред постигнаа повеќе од 50 голови на меч од домашното првенство. Три ракометарки имаа двоцифрен учинок, иако во ростерот на шампионот, имаше само 10 ракометарки, односно 8 играчи и 2 голмани.

Сара Ристовска повторно беше најпрецизната ракометарка на натпреварот со вкупно 14 голови, Јована Саздовска даде 11 гола, а Алехандра Лакрабер постигна 10 гола. Кај Деспина, Камческа даде 4 голови. Претходно повеќе од 50 голови на натпревар, „црвено-црните“ постигнаа на дуелите со Куманово (52) и Овче Поле (57). Само Гевгелија прими помалку од 50 гола (45) во првото коло.

Натпреварот првично требаше да се игра во Прилеп, но двете екипи се договорија за замена на домаќинството, па напролет Вардар ќе гостува во салата на Деспина. За Вардар ова беше последен меч пред заминувањето за Германија каде во сабота треба да го одиграат натпреварорт од второто коло од Лигата на шампионите проти Турингер.