Вардарки повторно броеја над 50

Ракометарките на Вардар одиграа уште еден ефикасен натпревар на кој забележаа повеќе од 50 погодоци со што имаа нов шутерски тренинг во Женската лига.

Ова не беше ништо ново така што и нема нешто посебно да се изделува од средбата. Сара Ристовска уште еднаш доминираше во нападот каде што немаше конкуренција со оглед на тоа што одново имаше двоцифрен број на погодоци на една средба и успеа да биде далеку пред конкуренцијата.

Што се однесува до прилепчанки тие можат да бидат задоволни што успеаја да дојдат до над 20 погодоци против Вардар така што ова е добар показател за нивната игра и форма за дуелите против другите тимови.

ДЕСПИНА – ВАРДАР     21:52 (9:22)

Сала: СЦ „Јане Сандански“ во Скопје. Гледачи: 100. Судии: Марија Илиева и Силвана Карбеска од Скопје. Делегат: Марјан Огњановски од Скопје.

ДЕСПИНА: Димитриеска, Гулеска, Е. Рипилоска, Димоска, Ристеска, А. Камческа 2, Крстевска, Ристевска, Димитрова 1, Јовеска 5, Богеска, Конеска 4, М. Камческа 5, Седлоска, Л. Рипилоска 1, Димова 5.

Седмерци: -, Исклучувања: 4 мин.

ВАРДАР: Мицевска, Суслина, Кликовац 6, Саздовска 6, Кузнецова 7, Бајрамоска 1, Керамичиева 8, Лакрабер 2, Хмирова 1, Петровиќ 8, Ристовска 13.

Седмерци: 3/3, Исклучувања: