Вардарки одработија добар натпревар и обезбедија лесни три бода

Ракометарките на Вардар забележаа и втора победа сезонава откако денеска на домашен терен против тимот на Деспина дојдоа до високи 45:18.

Во меч в кој сè беше решено после 30 минути игра непознато беше само колку ќе изнесува разликата на крајот од натпреварот. Вардар тргна со 4:0, а брзо имаше и 9:1 така што потоа остана само да се доработи задачата.

На полувреме резултатот од 20:9 беше најава за ефикасно продолжение на дуелот во кој Деспина не можеше да следи. Гостинките и во двете полувремиња постигнаа по девет погодоци, но домашните беа уште поубедливи во вториот дел од средбата така што успеаја да се изборат за високи 27 погодоци на крајот од средбата.

Со ова вардарки тргнаа според планираното во сезоната, па останува да се види како ќе биде кога ќе дојдат пресметките со тимовите кои се во конкуренција за највисок пласман.

ВАРДАР – ДЕСПИНА     45:18 (20:9)

Сала: СЦ „Јане Сандански“ во Скопје. Гледачи: 100. Судии: Виктор Начевски од Скопје и Даниело Божиновски од Битола. Делегат: Саше Јанкулоски од Битола.

ВАРДАР: Грујовска, Илиќ, Гоцевска 1, Ѓеоргиевска 7, Божиновска 4, Џатевска 3, Трпевска 4, Гроздановска 1, Костовиќ, Миновска 8, Седлоска 8, Јаковчевска 2, Галевска 1, Дамјановска 1, Николиќ 2, Диневска 3.

Седмерци: 5/5, Исклучувања: 10 мин.

ДЕСПИНА: Богеска, Димитриеска, Гулеска, Боризоска 2, Е. Рипилоска 4, Ристеска, Камческа, Крстевска, Цветкоска 4, Спиркоска, Димитрова, Јовеска 1, Седлоска 2, Филипоска 4, Л. Рипилоска 1.

Седмерци: 0/2, Исклучувања: 6 мин.