Вардарки комплетни во Данска: Во составот ќе биде и Лекиќ

Откако ги пропушти последните четири натпревари од регионалната ВРХЛ лига, Андреа Лекиќ се враќа во тимот на Вардар и отпатува со екипата на првиот четвртфинален натпревар против Митјиланд во лигата на шампионите.
Македонскиот првак утринава отпатува за Данска каде утре од 17 часот ќе го игра првиот меч. Вардарки на дуелот влегуваат како фаворити пред се поради фактот што главната фаза ја завршија на првото место во групата. Митјиланд беше четвртопласиран во другата група.
Двете екипи досега имаат пет меѓусебни натпревари во лигата на шампионите. Само во 2014 година Данките успеаја да не победат и тоа на нивен домашен терен, 25-24. Еднаш игравме и на Ф4 турнирот во Будимпешта, и тоа во борба за 3 место, истата сезона. Тогаш Вардар победи со 33-31.

Меѓусебни резултати на Митјиланд и Вардар
15.02.2014 Вардар – Митјиланд (ЛШ – главна фаза) 24:23 (10:12)
02.03.2014 Митјиланд – Вардар ( ЛШ – главна фаза) 25:24 (15:9)
04.05.2014 Вардар – Митјиланд (Ф4 – 3 место) 34:31 (14:12)
01.11.2015 Вардар – Митјиланд (ЛШ групна фаза) 33:24 (16:8)
08.11.2015 Митјиланд – Вардар (ЛШ групна фаза) 15:25 (11:12)