Вардарки заминаа за Германија, Турингер втор на „шампионското“ мени

По победата над унгарскиот ФТЦ, ракометарките на Вардар ги очекува вториот натпревар од новата сезона во Лигата на шампионите. Противник е добро познатиот германски шампион Турингер, против кој вардарки ќе се обидат да ја продолжат победничката серија. За Германија отпатуваа 17 ракометарки, а само третиот голман, 17-годишната Јована Мицевска остана во Скопје.

Вардар и Турингер досега имаат одиграно 6 меѓусебни натпревари во Лигата на шампионите. „Црвено-црните” се поуспешни и имаат четири победи и едно реми. Единствено во ноември 2014 година Турингер триумфираше во Германија со 21:20. Од трите досегашни гостувања на гостински терен кај Турингер, Вардар има едно реми и еден триумф, 31:29.

Двете екипи во првото коло победија во групната фаза. Германскиот тим триумфираше на гостински терен во Норвешка, кај Ларвик, 31:27, а чешката интернационалка Ивета Лузумова постигна 13 голови. Германките сезонава се засилија со 7 нови ракометарки, а 5 си заминаа. Судии на средбата во Германија в недела, која започнува во 14 часот се Русите, Алексеј Кијашко и Димитри Киселев.