Вардарки ги собраа признанијатa во ВРХЛ: Лејно – најдобар голман, Пенезиќ – најдобар играч

Ракометарките на Вардар триумфираа во финалето на ВРХЛ лигата откако во финалето го победија традиционално незгодниот ривал Будуќност. Во мечот за златниот медал вардарки триумфираа со 27-25 (15-14), што е добра увертира пред настапот на Ф4 турнирот во лигата на шампионите во Будимпешта.

Од индивидуланите признанија, за најдобар голман беше прогласена Амандин Лејно, додека наградата за најдобар играч на Ф4 отиде во рацете на Андреа Пенезиќ, а Кристина Неагу беше прогласена за најдобар стрелец во ВРХЛ. За Вардар следен предизвик ќе биде настапот на завршниот турнир во Лигата на шампионите во Будимпешта на 6 и 7 мај, каде за противник го имаат европскиот првак ЧСМ Букурешт.