Вардарки ги дознаа новите ривали: Мец, Будуќност и Битигхајм на пат кон четврт-финале

Ракометарките на Вардар денеска ги дознаа имињата на трите противници со кои ќе ги одмерат силите после паузата. Ривали се Мец (Франција), Будуќност (Црна Гора) и Битигхајм (Германија), а како ќе изгледа распоредот ќе биде познато утре кога ќе бидат комплетирани натпреварите од 6. коло.

300x250

Практично утре ќе стане јасно и кој ќе биде шестиот тим во групата каде што ќе биде Вардар бидејќи засега е јасно само кои се тимовите со кои „црвено-црните“ ќе се соочат во втората фаза и дека таму ќе биде и ФТЦ. Нејасно е дали Ларвик или Турингер ќе го пополнат последното место.

Инаку, Вардар сигурно пренесува осум поени и ќе биде лидер во групата, додека другите екипи ќе имаат помалку поени и ќе бидат еден до два чекори поназад во трката за место во четврт-финалето.

Според тоа каква е ситуацијата во моментов најверојатно прв ривал на вардарки ќе биде составот на Мец кој се наоѓа на првото место во групата Д.