Вардарец навива за Барселона (ФОТО)

Бразилскиот интернационалец Рожерио Мораес, кој е член на Вардар, потекнува од земја во која фудбалот е број 1 на спортскиот пиедестал.

Пикерот е навивач на Барселона, па го искористи гостувањето на европскиот шампион во Каталонија, да го посети стадионот „Камп Ноу“.

Натпреварот меѓу Барселона и Вардар се игра утре со почеток во 18 часот, па Рожерио ќе мора да се бори за победа над ракометната секција во неговото омилено спортско друштво.