Вардарец е рекордер по настапи во СЕХА лигата (ВИДЕО)

Екипата на Вардар во своите редови има рекордер според бројот на настапи во СЕХА-лигата, а во паузата меѓу двете сезони од ова натпреварување се потсетуваат на оние кои имаат најдобри бројки.

На врвот се наоѓа Летонецот Даини Кристопанс, кој досега има одиграно 128 натпревари. Ист број има и Тончи Валчиќ од ППД Загреб, но ракометарот од Хрватска веќе ја заврши кариерата, па на следниот меч, Кристопанс ќе остане осамен на врвот.

Уште не е познато колку екипи ќе се натпреваруваат во новата сезона, но јасно е дека Кристопанс ќе биде лидер на ракометарите со најголем број на мечеви во СЕХА.

Како изгледа топ 5 листата можете да погледнете во видеото до продолжение.