Важно е да се освои медал: Французите и се израдуваа на бронзата (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Репрезентацијата на Франција ја совлада Данска со 32:29 во битката за бронзениот медал и на тој начин дојде до нов трофеј на големите натпреварувања со што продолжи да освојува трофеи на шампионатите.

Денеска Франција беше далеку подобар противник од Данска. Притоа демонстрираше квалитет во текот на сите 60 минути, а користејќи го искуството успеа и да ја зачува предноста во завршницата од дуелот.

Имаше многу интересни дуели и интересни моменти, а како изгледаше битката на теренот можете да погледнете на фотографиите во продолжение.