Важна алка во синџирот „репрезентација“: Запознајте го лекарскиот тим на Македонија (ФОТО)

Македонската репрезентација веќе се наоѓа во Загреб, каде в сабота го започнува петтиот настап на континентален шампионат. По ЕП 1998 во Италија, 2012 во Србија, 2014 во Данска, 2016 во Полска, на ред е Хрватска.

Нормално е ракометарите секогаш да се во преден план и кај медиумите и кај навивачите, но за се да функционира беспрекерно кога тие ќе се појават на терен, се грижи лекарскиот тим на репрезентацијата.

Голем број национални тимови имаа проблеми со повреди, некои останаа и без клучните играчи. За среќа, Македонија беше одмината од лошата среќа, па сите со мали исклучоци се комплетно подготвени да одговарат на барањата на Раул.

Во составот на лекарскиот тим на Македонија во Загреб, а се надеваме и во Вараждин се тројцата физиотерапевти, Тоше Ристовски, Димитар Маневски и Ѓоко Божиноски, а Александра Димова е доктор на репрезентацијата.

Да се надеваме дека тие четворица нема да имаат многу работа за време на ЕП!