Бутел Скопје фати силен суперлигашки залет

Дебитантот во Супер лигата, Бутел Скопје уште во 1. коло покажа сила и квалитет и најави одлична сезона во најсилната лига. Ракометарите на Бутел Скопје беа пресилни за Прилеп и го совладаа со 31:18.

300x250

Уште на стартот се виде дека домашните нема да дозволат на овој меч да има нешто непредвидено. Брзо стигнаа до 10:1 и овие девет гол им дадоа мотив плус за продолжението од средбата во кое само ја зголемуваа предноста.

До крајот на првиот дел стигнаа до плус 15 и на одмор заминаа со 20:5.

Ова беше убедливо прво полувреме, па во вториот дел од средбата можеше да се комбинира повеќе и да им се даде шанса на сите ракометари. Бутел Скопје ја одржуваше двоцифрената предност, а гостите успеаја да намалат до 13 гола и на крајот да имаат 31:18.

Прв стрелец на средбата беше Алек Чупетрески од Прилеп со шест гола, додека во редовите на победникот по пет гола имаа Димитар Георгиевски и Милан Жегарац.

Гостите на оваа средба беа само со осум ракометари. Поради немање лиценци за настап другите играчи не беа во можност да се најдат на теренот.

БУТЕЛ СКОПЈЕ – ПРИЛЕП            31:18 (20:5)

Сала: Иван Хаџи Николов во Радишани. Гледачи: 100. Судии: Виктор Начевски од Скопје и Даниело Божиновски од Битола. Делегат: Ацо Николовски од Скопје.

БУТЕЛ СКОПЈЕ: Панченко, Блажевски, Лазароски 3, Трајковски 2, Андовски 4, Младеновски 1, Стојановски 2, Георгиевски 5, Димовски, Лесански, Спасовски 1, Мојсоски 4, Николов 3, Жегарац 5, Печенковски, Василевски 1.

Седмерци: 1/1, Исклучувања: 8 мин.

ПРИЛЕП: Алушовски, Талески, Трајкоски, Алексоски 2, Свртинов 4, Шокоски 3, Чупетрески 6, Галев 3.

Седмерци: 3/5, Исклучувања: