Бутел Скопје на дебито во Европа најверојатно со тим од Украина

Во своето деби во Европа тимот на Бутел Скопје ќе има тежок ривал бидејќи ќе треба да се соочи со незгодна екипа од Украина. Бутел Скопје оди директно од 2. рунда  каде што ќе го чека победникот од средбата во меѓу Запорожје и Лондон.

Тимот од Скопје на првата средба ќе биде домаќин на победникот од оваа пресметка, а тој дуел би требало да се одигра на 5 или 6 октомври. Реваншот би бил една недела подоцна.

Според квалитетот на тимовите кои се можни ривали тука најверојатно противникот ќе биде од Украина така што задачата нема да биде воопшто лесно за ракометарите на Бутел Скопје.