Бутел Скопје на бод од суперлигашка потврда

Натпреварот меѓу Бутел Скопје и Тиквеш не донесе ништо кое не се очекуваше и пред почетокот. Тоа беше дуел на кој сè беше познато уште пред неговиот почеток.

300x250

Одличната игра на домашните донесе висока предност уште во првите 30 минути, па најголемиот дел од натпреварот беше само шанса за сите ракометари да одиграат и да ги покажат своите квалитети.

Огромната предност во вториот дел стана уште поголема, а екипата на Бутел после овој триумф дојде на бод од Супер лигата. За да се најде во Супер лигата ќе биде доволно само на последните три меча еднаш да се ремизира што сигурно ќе се случи и не се очекуваат никакви проблеми околу прашање за директен пласман во Супер лигата.

БУТЕЛ СКОПЈЕ – ТИКВЕШ            49:17 (27:12)

Сала: Радишани во Скопје. Гледачи: 50. Судии: Лејла Јашар и Михаела Капсарева од Скопје. Делегат: Мамер Реџепи од Скопје.

БУТЕЛ СКОПЈЕ: О. Трајковски, Дим. Георгиевски 1, Стоилевски 2, Стојановски 6, А. Димовски 4, Лазароски 7, Р. Димовски 1, Николовски, М. Трајковски 6, Коловски 6, Андовски 3, Маркудов 1, Браво 8, Печенковски, Чапов 4, Дам. Георгиевски.

Седмерци: -, Исклучувања: 4 мин.

ТИКВЕШ: Јаковлески, Минов 1, Витанов 5, Ко. Петров 3, Ки. Петров, Илов, Јанчев, Димовски 2, Тодоров 3, Ангелков, Николовски 3, М. Петров.

Седмерци: 2/2, Исклучувања: 2 мин.