Бутел Скопје ги зачува трите бода против Радовиш

Ракометарите на Бутел Скопје дојдоа до победа на дуелот против засилениот Радовиш, но триумфот беше обезбеден далеку потешко од сите очекувања. Со само гол разлика и 29:28 после 15:18 на полувремето ова беа навистина тешки бодови за Бутел Скопје.

Во текот на првото полувреме домашните имаа предност на стартот, но потоа Радовиш успеа да најде игра со која лесно доаѓаше до шанса за шут и за погодок. Тоа отвораше многу простор и даваше можност за зголемување на разликата.

На одмор Радовиш замина со предност од 18:15, а овие три гола беа и повеќе од доволни на одмор да се замине со сигурна предност и сосема мирно да се чека вториот дел од средбата.

Сепак, само што почна второто полувреме домашните ракометари успеаја да наметнат свое темпо и да дојдат до резултат со кој се вратија во ритам. Се играше постојано гол за гол, а дури во финишот екипата на Бутел Скопје дојде до три гола предност, 29:26. Во последните две минути Везенковски и Ристов намалија, но немаше простор за нешто повеќе, па бодовите останаа за домашните.

БУТЕЛ СКОПЈЕ – РАДОВИШ       29:28 (15:18)

Сала: „Антон Димитров“ во Скопје. Гледачи: 200. Судии: Спаско и Глигор Ќаеви од Скопје. Делегат: Марјан Огњановски од Скопје.

БУТЕЛ СКОПЈЕ: Даскалоски, Блажевски, Димов, Младеновски 2, Стојановски 1, Ѓеоргиевски, Божиновски, Шокоски, Димовски 1, Спасовски 2, Мојсоски 8, Милошевски 2, Миланов, Печенковски 3, Василевски 4, Мајиќ 6.

Седмерци: 2/3, Исклучувања:12 мин.

РАДОВИШ: Паунов, Димов, Јованов, Ѓорѓиески 1, Долдуров, С. Ѓорѓиев, Фенов, Ј. Ѓорѓиев, Органџиев 2, Николов 6, Рисов 5,Тушев, Илиев 9, Трајанов, Везенковски 5.

Седмерци: 5/6, Исклучувања: 6 мин.