Бутел против Селка во битка за победа во Битола

На Меморијалниот турнир „Боро Чурлевски“ во Битола кој се игра во истоимената сала денеска на програмата се два нови дуели со кои ќе заврши групната фаза и после тоа ќе биде јасно кој против кого ќе игра во утрешните битки за пласман.

Засега е јасно само дека Пелистер ќе се бори за 5. место, а противникот ќе го добие после денешниот двобој меѓу Селка и Бутел Скопје. На овој меч според играта која што вчера ја прикажаа ракометарите на тимот од Турција тие влегуваат како фаворити, но останува да се види што ќе биде покажано на теренот.

Пред дуелот меѓу Селка и Бутел силите ќе ги одмерат гостите од Грција и од Франција, Олимпијакос и Шербур, а ова е пресметка за првото место во групата во која е и Пелистер.

РАСПОРЕД И РЕЗУЛТАТИ

ЧЕТВРТОК, 30 АВГУСТ

БУТЕЛ – РИХИМАЕН КОКС        22:28

ПЕЛИСТЕР – ОЛИМПИЈАКОС    27:31

ПЕТОК, 31 АВГУСТ

РИХИМАЕН КОКС – СЕЛКА         23:31

ПЕЛИСТЕР – ШЕРБУР                   29:34

САБОТА, 1 СЕПТЕМВРИ

17:30ч

ШЕРБУР – ОЛИМПИЈАКОС

19:30ч

БУТЕЛ – СЕЛКА

НЕДЕЛА, 2 СЕПТЕМВРИ

15:30ч

МЕЧ ЗА 5. МЕСТО

17:30ч

МЕЧ ЗА 3. МЕСТО

19:30ч

ФИНАЛЕ