Бутел не го издржа налетот на Грците: А.Е.К. со премиерна победа на турнирот Струга

Во вториот дуел на традиционалниот струшки турнир вториот македонски претставник Бутел од Скопје е поразен од грчкиот претставник А.Е.К. Атина со 25-21 .
Составот на Бабацанидис имаше предност и по првото полувреме иако во него свои минути имаа и македонските претставници. По неизвесниот почеток, први до предност од три погодоци дојдоа гостите од Атина. Разлика до 25та минута порасна на највисоки „плус пет“, но во финишот ракометарите на Бутел преку Мајиќ ја намалија негативата за конечни 13-11.

Вториот дел пружи резултатски понеизвесна игра во која Бутел полека ја топеше предноста на противникот. Во 40. минута Георгиевски го изедначи резултатот на 17-17, а Маиќ на четвртина до крај го одведе Бутел и во прво водство (18-19). Но гостите бргу ја вратија резултатската контрола и имаа минимална предност до 50. минута кога конечно го скршија отпорот на бутелчани. Лошите одлуки на нападот на Бутел зачинети со брзи контра-напади на противникот го одлучија победникот на овој дуел, А.Е.К. преку Моја и Кедерис дојде до недостижни четири голови предност на пет минути до крај. А во рутинирана завршница Грците обезбедија прва победа на 47. интернационален струшки турнир со конечен резултат 25-21.

СТАТИСТИКА

РК А.Е.К. АТИНА 25-21(13-11) РК БУТЕЛ СКОПЈЕ

РК АЕК: Aрампаѕис 4, Домприс, Мораитис 1, Хогас 2, Николаидис, Милонас, Плаза Хименез, Моја Флоридо 4, Јакобсен 8, Пападионисиу, Озмусул, Арсиќ, Бунета 2, Јосму, Кедерис 4, Бабаѕанидис

Исклучувања: 8 минути
Седмерци: 4/2

РК БУТЕЛ: Димов, Милошески 2, Младеновски 2, Стојаноски, Младенов 2, Ангелов, Спасовски, Мојсовски 3, Шокоски, Даскалоски, Блажески, Печенковски, Ѓеоргиевски 4, Василевски, Мајиќ 8, Дрпљанин, Олтовски

Исклучувања: 2 минути
Седмерци: 4/1