Бутел лесно го среди Радовиш, обезбеди пласман во плеј-оф

Тимот на Бутел Скопје славеше лесна победа на гостувањето кај составот на Радовиш со убедливи 29-37 во 17. коло од Суперлигата и обезбеди место во плеј-офот.

Домаќинот даваше солиден отпор во првиот дел, па иако губеше со два или три разлика, до крајот на полувремето успеа да намали на минус еден, 15-16.

Во второто полувреме дојде до израз подолгата клупа кај гостите, кои искусно полека ја зголемуваа предноста, до конечни 29-37.

Најдобри стрелци кај победничката екипа беа Мојсоски со десет, како и Давидовиќ и Младеновски со седум, додека кај Радовиш се истакнаа Илиев со 15 и Симиќ со седум погодоци.