Бутел – експрес помина и низ Пробиштип

Продолжува победничката серија на ракометарите на Бутел Скопје. Пробиштип и Рудар не беа голема закана за момците на Игор Котевски, кои се единствени без загубен бод досега во Првата Лига.

Бутел победи со 23:44, a домаќинот и покрај тоа што беше засилен со четворица ракометари од младинските селекции на Металург, не можеше да се надева на позитивен резултат против најголемиот фаворит за пласман во Суперлигата.

Најдобри во гостинскиот состав беа Печенковски, Димовски и Георгиевски со по 7 голови, додека по 5 дадоа Апостоловски и Стоилевски. Кај Рудар се истакнаа Радевски со 9 и Трајковски со 5 голови.