Бутел донесе уште еден лев бек – потпиша Христијан Милошески

Тимот на Бутел Скопје има нов играч во своите редови. Македонскиот претставник во Купот на ЕХФ се договори на двегодишна соработка со левиот бек Христијан Милошески. Тој потекнува од составот на Филип Прилеп, беше дел и од вториот тим на Вардар, а минатата сезона го носеше дресот на Работнички

„Сакам да изразам благодарност до Бутел за укажаната можност. Среќен сум што во наредните години ќе го носам дресот на овој тим, но исто така и среќен што ќе соработувам со одличен тренер и одлични, искусни играчи. Своето претходно искуство ќе го искористам најдобро што можам, но и ќе работам напорно за што е можно повеќе да се надоградам како ракометар. Се надевам дека ќе добијам шанса да се докажам, да ги исполнам очекувањата и достојно да го претставиме Бутел во Купот на ЕХФ и во домашните натпреварувања“, вели Милошески.

Претходно Бутел ги донесе голманот Златко Даскалоски, левиот бек Давор Шокоски и десното крило Мартин Димов. Предводен од новиот тренер Кристијан Грчевски, од утре ќе игра на Струшкиот турнир заедно со грчкиот АЕК Атина и шведскиот Гуиф.