Бутел денеска по заверка на суперлигашкото место

Лидерот на табелата во Првата машка лига, тимот на Бутел Скопје има шанса на дерби дуелот против Металург јуниор да се избори уште сега за место во Супер лигата со оглед на тоа што ова е мечот на кој се создава разлика во однос на второпласираниот тим на табелата.

Бутел има 14 победи од досега одиграните 14 средби, па и денеска се очекува да мине сè без проблеми и да биде изборен триумф со кој ќе нема поголеми проблеми за да се оствари посакуваниот пласман во Супер лигата.

Металург јуниор покажа најмногу после Бутел, па затоа е и главниот ривал. Оттаму нема опуштање на ова дерби кое денеска од 12 часот се игра во салата во Радишани.

Инаку, во првиот дел од сезоната кога овие две екипи играа во „Расадник“ победaта ја однесоа ракометарите на Бутел, па затоа сега металурзите ќе сакаат да се реваншираат.