Бура емоции за европските првенки: Кометал петнаесет години подоцна… (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Точно 15 години изминаа откако македонската нација на плоштадот Македонија ги поздрави европските првенки во женското клупско натпреварување Лигата на шампионките. Интересен состав од македонски, балкански и ракометарки од источниот европски блок носени на крилата на френетичната атмосфера во СРЦ Кале ја воодушеви Европа и својата бајката ја врежа во скапоцениот трофеј на најсилното ракометно клупско натпреварување.

„Виновникот“ за овој досега ненадминат успех, сопственикот на клубот Трифун Костовски се одлучи во еден скопски ресторан повторно да ја собере златната генерација на Кометал на заедничко дружење како потсетник за она што до сега е најсветлиот момент во македонскиот спорт.

Покрај ракометарките на Кометал, со своето присутство овој настан го збогатија и поранешните функционери во клубот, управата, претседателот на МОК Васил Тупурковски, претседателот на РФМ, Живко Мукаетов, и други угледни гости.

Дел од најинтересните моменти од приемот на поранешните европски првенки можете да погледнете преку објективот на Кочо Сотировски.

ФОТО:Кочо Сотировски

One Response

  1. Костовски: Тоа што се случи е тешко да се опише, тоа можеби е најсреќниот ден во Република Македонија | 24 РАКОМЕТ

    […] Бура емоции за европските првенки: Кометал петнаесет г… […]