Бундес лига, 8. коло: Кил се спаси со гол во последната секунда

Натпреварите од 8. коло во Бундес лигата не донесе поголеми изненадувања. Единствено Кил имаше неизвесен дуел со Лајпциг, но успеа да го сруши со гол во последните моменти од натпреварот. На другите средби победи забележаа Фленсбург, Минден, Фуксе Берлин и Мелсунген.

Екипата на Кил ја продолжи серијата на победи и славеше против Лајпциг на гости со 24:25. Домашните дадоа силен отпор во текот на натпреварот, па дури беа и блиску до нерешен резултат, но Домагој Дувњак во последните секунди го реши победникот. Никлас Екберг беше играчот кој постигна најмногу погодоци кај Кил (9) додека кај Лајпциг најдобар стрелец со идентична реализација беше Франц Земпер.

И Флензбург се изнамачи во својот натпревар. Гостин му беше на Ерланген и успеа да слави со тесни 27:26. Фленсбург беше фаворитот на овој дуел и ја имаше иницијативата во текот на целиот натпревар. Сепак, на крајот од натпреварот можеше длабоко да жали ако Ерланген успееше да одигра нешто подобро и успееше да израмни. Со оваа победа сега Флензбург ќе биде прв на табелата со исто бодови како и Магдебург, но со подобра гол разлика и еден натпревар помалку.

Фуксе Берлин е тимот кој влезе во сериозен налет. Берлинци го совладаа Лудвигсхафен и ја забележаа петтата победа во низа. Натпреварот беше неизвесен и се движеше во израмнет тек се до последните десетина минути од натпреварот во кои Фуксе Берлин успеа да се одвои и да си обезбеди победа од 26:30.

БУНДЕС ЛИГА

РЕЗУЛТАТИ ОД 8. КОЛО

Лемго – Минден 23:25.

Лајпциг – Кил 24:25.

Ерланген – Фленсбург 26:27.

Лудвигсхафен – Фухсе Берлин 26:30.

Мелсунген – Гепинген 25:22

ТАБЕЛА: 1. Фленсбург 16 поени (гол разлика +36), 2. Магдебург 16 (+56), 3. Рајн Некар Левен 13 (+43, -еден меч), 4. Кил 12 (+33), 5. Бергишер 12 (+20)…